
Триесетиосум годишниот холивудскиот комичар Расел Бренд проговорил за сексот со непознат маж во тоалетот во еден лондонски паб во 2002 година. Според него тоа се случило како дел од шега за неговата хумористична серија „RE:Brand“ која обработувала општествени теми.
– Се сексав со еден маж во тоалетот. Помислив дека сум хетеросексуалец, но можеби тоа е резултат на околината во која сум пораснат во која ми беше тешко да ја изразам хомосексуалноста – изјавил поранешниот сопруг на Кејти Пери.
Се работи за период во кој актерот бил зависен од хероин и работел на емисија која сам работена според негово сценарио.
– Кружев низ Сохо. Посетував различни геј-барови, теретани во кои со мојата екипата се обидував да најдам луѓе за снимање. Отидов и во тој паб. Запрашав дали некој сака да учествува во мојата емисија. Едно момче ја прифати мојата понуда. Јас, тој и режисерот влеговме во тоалетот. Момчето си го извади својот пенис. Тоа воопшто не беше убава глетка. Јас го сакам мојот пенис, но неговиот изгледаше како стара крпа – посочил комичарот.
Комичарот признал дека се согласил на секс откако го наговорил режисерот и покрај тоа што не е хомосексуалец, но сакал да направи сè за да има добро шоу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


