| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово пак цела зима без вода

sijalica na voda

Од еден часот по полноќ до 4 часот наутро во Тетово се воведени рестрикции поради недостиг на водата за пиење. Речиси две децениската практика покажува дека рестрикции ќе има цела зима, а времетраењето ќе се зголемува.

Со оглед дека граѓаните повеќе од 10 години чекаат да се догради новиот водоснабдителн систем, за да се избегне ваквата состојба, универзитетскиот професор по инфраструктура Вулнет Палоши, смета дека се сега се покажува погрешниот избор пред- новиот водоснабдителен систем да се прави со зафаќање на вода од планинските реки.

Финансирањето беше главна причина што долго време се чека на доградба на водоснабдителниот систем.

Жителите на Тетово добија нова надеж дека водоводот ќе се догради откако Владата во буџетот 2014 година предвиде 650 илјади евра за проектот. Во таков случај општината ќе треба да најде уште 1 милион 450 илјади евра за целосно довршување на водоснабдителниот систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top