| четврток, 6 декември 2018 |

Екстремистите во Либан ги ослободија турските пилоти

Двајцата турски пилоти, кои беа киднапирани и држени како заложници од екстремисти во Либан од август, се вратиле во својата земја. Пристигнувањето на Мурат Акпанар и Мурат Агџа на аеродромот во Истанбул со катарски приватен авион беше пренесено на турските телевизии. Тие на писта беа пречекани од страна на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и други официјални лица.

Lebanese pilgrims, Turkish pilots released
Пилотите беа ослободени во рамките на договорот, со кој се обезбеди ослободување на деветмина либански верници, киднапирани во Сирија. Сѐ уште не се знае дали е исполнет третиот дел од договорот, кој предвидува ослободување на
десетици жени од сириските владини затвори. Тоа беше клучното барање на сириските бунтовници, кои ги држеа либанските заложници.

Lebanese pilgrims, Turkish pilots released

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top