Џанпаоло Маца не е веќе „вечниот“ селектор на фудбалската репрезентација на Сан Марино и по цели 15 години кормиларење со оваа селекција си замина со само еден освоен бод. Маца го преводеше Сан Марино од клупата на 76 натпревари.
„Жал ми е што ниту еднаш не победивме на официјален меч, но горд сум што секогаш игравме со наши играчи без натурализирани странци. Тимот игра се подобро како одминува времето“, изјави Маца.
Историското реми се случи пред 12 години против Летонија, кога Сан Марино одигра 1-1, а единствена победа на Маца и неговите избраници е таа од 2004 година против Лихтенштајн во неофицијален пријателски натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


