
Политичката партија СДСМ не престанува со притисокот врз судството и судските органи. Тие, и по цена на девалвирање на институциите и законските постапки, продолжуваат да се однесуваат неодговорно само за да го заштитат високиот партиски функционер Мирослав Шиповиќ. Оваа скандалозна иницијатива, која ја покренува СДСМ, е директно мешање на законодавната власт во работата на судската власт. Дотолку повеќе што ваквата иницијатива ја промовира универзитетскиот професор Ана Павловска-Данева, со што покажува елементарно непочитување на основните уставни начела во Република Македонија. Очигледно СДСМ е подготвена да ги гази законите и Уставот во Република Македонија само за да заштитува лица за кои постојат основани сомневања дека сториле криминал. Дополнително, СДСМ ваквите притисоци врз судската власт ги прави без исклучок за случаи каде што обвинети или осудени се лица, кои се дел од нивното раководство, но не и за кој било друг граѓанин – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на пратеничката од СДСМ Ана Павловска-Данева.
Според нив, во Р.М. се водат стотици и стотици истражни и судски постапки, за различни видови криминали и институциите тоа секогаш го процесуираат според истите закони и процедури.
– Но, СДСМ го интересираат само постапките кои се водат против нивните највисоки функционери. Тие покажаа дека имаат селективен пристап и дека не признаваат борба против криминалот, доколку се работи за осомничени од нивното раководство. Жално е што СДСМ ги дели граѓаните на свои високи функционери и сите останати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


