| четврток, 6 декември 2018 |

Чиро Блажевиќ во свој стил: Србите се препотентни и затоа не одат на СП во Бразил

Чиро Блажевиќ нема влакна на јазикот и во интервју за српскиот портал „Ало“ вели дека Србите се препотентни и самобендисани и затоа не патуваат за Бразил на мундијалот идната година. Блажевиќ се пожали дека „орлите“ го откачиле за позицијата селектор.

– Јас ги удрив темелите на репрезентацијата на БиХ што сега ја величаат сите и што е најпријатното изненадување во квалификациите. И Србите можеа да бидат во иста улога, но тие ме одје.аа. Мислеа дека ќе се прошетаат низ квалификациите, но беа препотентни и затоа ќе си седат дома – вели Блажевиќ во препознатлив стил.

И навистина многу повеќе се очекуваше од селекција што има страшно квалитетна одбранбена линија составена од ѕвезди како Ивановиќ, Коларов, Суботиќ, Настасиќ, го имаат и Видиќ, и одлични играчи во маневарот и во нападот, но останаа на третата позиција зад Белгија и Хрватска. Што е уште полошо, за нив Србите не беа конкурентни уште во раната фаза за позицијата број 1 што директно води во Бразил, ниту пак за „двојката“ што обезбедува дополнителни два бараж-дуели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top