| четврток, 6 декември 2018 |

„Сити мол“ наш насушен

Mojso_Mojsovski_90

Колумнист: Мојсо Мојсовски

Да ти бил у пра­во мо­јот со­сед ко­га ве­ле­ше – шо ќе идам у ки­но, ко­га фил­мот ко­га-то­га ќе се да­ва на те­ле­ви­зи­ја. Нај­че­сто тоа ко­га – то­га до­а­ѓа­ше по не­ко­лу де­це­нии, но „бо­ље икад не­го ни­кад“, ќе ре­чев­ме ние у ма­а­ло. А еве зо­што ва­ков во­вед! Со го­ди­ни мо­и­те со­гра­ѓа­ни, па сѐ до чле­но­ви­те на нај­тес­но­то се­мејс­тво, иде­ва на шо­пинг у Со­лун, од­нос­но,по­тоа и во не­го­ви­те пред­гра­ди­ја во поз­на­ти­те шо­пинг-цен­три. Ја упор­но, во­ден од не­ка­ков не­поз­нат ин­стинкт се ина­е­тев, си се­дев до­ма и па­за­рев ов­де. Мо­же­би бев сѐ уште под впе­ча­то­кот на да­леч­ни­те 70-ти ко­га Скоп­је бе­ше пол­но со Гр­ци што ги праз­неа ра­фто­ви­те од „ади­дас“ па­ти­ки, на при­мер, но и од пре­хран­бе­ни про­из­во­ди, иа­ко го имаа со­лун­ски­от па­зар, на кој ние па­за­рев­ме ка­ко лу­ди, под­зи­на­ти од бо­га­ти­от из­бор.

Не­и­се,по дол­га ни­за го­ди­ни еве ти и у Скоп­је „Си­ти мол“ тр­гов­ски, рас­кош­но зда­ние со свет­ски мар­ки. За пет де­на од отво­ра­ње­то по­ло­ви­на ми­ли­он по­се­ти­те­ли, па­зар ми­ли­о­ни евра. Мо­жам, шо се ви­ка, со пан­тоф­ли да одам на шо­пинг, тол­ку ми е бли­ску, ту­ку­ре­чи у двор. А, не да се зе­зам по пу­ти­шта и да ги тр­пам на­мур­те­ни­те пог­ле­ди на грч­ки­те ца­ри­ни­ци, кои со го­лем ме­рак нѐ до­че­ку­ва­ат (јој што те во­лим, да те ви­дим на ро­штиљ). Ама има­ло и па­зар­џи­ки со ша­мии, па не знам це­ла про­вин­ци­ја би­ла пар­ки­ра­на по окол­ни­те улич­ки око­лу Пар­ти­зан­ска, па не е тр­гов­ски­от на­пра­ен са­мо за та­фта­ли­џан­ци (ка­ко та­ли­бан­ци – не­ли), не се фр­ли­ја тол­ку ин­ве­сти­ци­ски па­ри за ло­ка­лен тр­гов­ски раз­вој и прос­пе­ри­тет! За тол­ку раз­би­рам еко­но­ми­ја, ако не и по­и­ше.

А, сѐ поч­на од ма­ал­ски­те ко­пе­ра­ции! Не знам да­ли во нив има­ше не­што дру­го освен ки­се­ло мле­ко што се ме­ре­ше на ва­га, мар­ма­лад што про­да­ва­чи­те го ста­ваа на кан­тар со др­ве­ни ло­па­тки, маст што ја цр­пеа од бу­ри­ња со ло­па­тки од по­де­бел плех, га­зи­ја што се пре­ту­ра­ше од кан­ти, мас­ло на ли­тар (не­кои го ви­каа шар­ла­ган),ше­ќер и браш­но, га­зи­е­ни лам­би и све­ќи, а во пре­ден план стак­ле­ни по­са­тки со гу­ме­ни бон­бо­ни. Е тоа бе­ше врв на по­ну­да­та! А, ко­га дој­доа на­по­ли­тан­ки во вид на ро­бот ми­ни-па­ку­ва­ње со сли­кич­ки на раз­ни не­поз­на­ти апа­ра­ти-ро­бо­ти и ко­га ќе со­бе­реш одре­ден број сли­кич­ки по ре­дос­лед до сто и два-три­е­сет до­би­ваш тро­ти­нет. Тоа ти бе­ше ври­сак мо­де!

НАМА лу­ѓе,тоа ти бе­ше все­ле­на. Па по­до­ви­те из­мач­ка­ни со пре­го­ре­но мас­ло на кое се­ко­гаш си ги вал­кав­ме чо­ра­пи­те со звуч­но име спорт­ски чо­ра­пи (до­ко­лен­ки) по што стро­ги­те мај­ки до­би­ваа шан­са за упо­тре­ба на др­ве­на­та пе­да­го­ги­ја на Ма­ка­рен­ко! Ра­фто­ви со по не­кој топ штоф од „Вар­текс“, раз­ни кујн­ски по­треп­шти­ни од ти­пот на рен­де, го­ле­ма ара­ни­ја за ај­вар и сла­тко од се­зон­ски ово­шти­ја,тег­ли во раз­лич­ни го­ле­ми­ни, зем­јо­дел­ски ала­тки, ба­те­ри­ски лам­би ка­ко пред­вес­ник на пос­лед­ни­те изу­ми, ра­ди­ја „тес­ла“ и „кос­мај“, а по не­кое вре­ме и тран­зи­стор. Ед­вај го сфа­тив­ме ра­ди­о­то,а еве ти се­га ра­див­це без прик­лу­чок на стру­ја. У НАМА се вла­га са­мо со та­тко или мај­ка, ни­ка­ко сам.За да не се за­гу­биш у тој го­лем про­стор.

А, ко­га ја за­ле­пи­ја Сто­ков­на од­ма до НАМА по уг­лед на бел­град­ска­та „Роб­на ку­ќа“, сфа­тив­ме де­ка не­ма ше­га. Оди­ме со круп­ни че­ко­ри на­пред у но­ви ра­бот­ни по­бе­ди. Еска­ла­то­ри за на вто­ри кат, па гон­до­ли што те­жеа од раз­ни про­из­во­ди, глав­но сло­ве­неч­ки (се­га ду­ри ста­на јас­но зо­што ток­му нив­ни, ама кас­но, они му ја збри­шаа у Евро­па, а ние мал­ку по­по­ле­ка ама си­гур­но на­пред, да не згаз­не­ме на тру­ла шти­ца). Сто­ков­на има­ше и упо­треб­на вред­ност за нас ре­дов­ни­те кор­за­џии: вла­гав­ме по не­кол­ку па­ти на топ­ле­ње од дол­го­то дреж­де­ње и цуп­ка­ње по тро­то­а­ри­те што ни оста­ва­ше трај­ни пос­ле­ди­ци – еден мој дру­гар твр­ди де­ка до­бил ре­у­ма сто­еј­ќи пред Ко­о­пе­ра­ти­ва. Уште да по­ба­ра ин­ва­лид­ска пен­зи­ја, еба­те бе­ља!

Осам­на и тој ден ко­га се отво­ри кра­тер на кој тре­ба­ше да ник­не тр­гов­ски. Ај што бе­ше огром­но гра­ди­ли­ште,ту­ку ни­ка­ко не мо­жев­ме да го зба­ри­ме фа­ктот што ме­сто бе­тон и бе­тон­ски оп­ла­ти за стол­бо­ви ник­наа же­лез­ни гр­до­сии што тре­ба­ше да ги но­сат по­преч­ни­те бе­тон­ски пло­чи. Тр­гов­ски­от цен­тар не бе­ше го­тов, но во под­зем­ни­те га­ра­жи „Тех­но­ме­тал“ и дру­ги­те тр­гов­ски ги­ган­ти отво­ри­ја чуд­ни про­дав­ни­ци – огро­мен про­стор, сту­ден и со ни­ски та­ва­ни пре­полн со тех­нич­ки чу­де­сии. Пред вле­зо­ви­те ама­ли, но со три­кол­ки на кои се из­ле­жу­ваа по цел ден че­кај­ќи му­ште­ри­ја со еле­ктри­чен шпо­рет, фри­жи­дер или те­ле­ви­зор „Риз“ или „Ер-Ер Ниш“ за транс­порт, со ан­то­ло­ги­ски­от рек­ла­мен спот – ево но­са­ча, мо­лим.

У тр­гов­ски се иска­ча­ше на­ве­чер,тој бе­ше хит кај мла­ди­те. Би­фе­то „Па­риз“ за­ед­но со Ва­се Ур­дин и не­го­ви­те го­сти од си­те во­зра­сти и од раз­лич­на фе­ла ста­наа си­но­ним за жи­во­тот, ко бо­жем си у ви­стин­ски­от име­њак по­крај Се­на, а не по­крај Вар­дар (од из­во­ра дур до Со­лу­на). Се по­чув­ству­вав­ме по којз­нае кој пат жи­те­ли од по­ви­сок ранг, бе­гај­те – што ќе ре­чеа на под­бив мо­и­те стру­мич­ки дру­га­ри. Про­дав­ни­ци ка­ко у аме­рич­ки­те фил­мо­ви, свет­ли и при­мам­ли­ви, а про­да­вач­ки­те по­себ­на при­каз­на! Глав­но мла­ди и уба­ви. Мо­ре рас­кош­ни и пре­диз­ви­ку­вач­ки, да се изра­зам нај­пра­вил­но! Ни­што не ку­пу­вав­ме, са­мо зја­ев­ме по из­ло­зи и те­пав­ме вре­ме. Во џе­бо­ви­те про­ма­ја од си­те стра­ни, па­ри ед­вај за ци­га­ри на пар­че – ни­шка „Мо­ра­ва“ или „Вар­дар“. Но,што е ту­ка е, оди­ме на­та­му.

Тр­гов­ски цен­три и цен­тар­чи­ња до­би­ја си­те на­сел­би, при­град­ски и по­мал­ку при­град­ски. Со пи­це­рии и ка­фе­ан­чи­ња на се­кој че­кор, по не­кол­ку по гла­ва на жи­тел, про­мет по­зи­тив­на ну­ла, отво­ри, за­тво­ри, оти­ди у друг тр­гов­ски и се та­ка по ред. Тоа ти е па­зар со сво­и­те стро­ги за­ко­но­мер­но­сти.

„Ве­ро“ и „Рам­стор“ го за­тво­ри­ја кру­гот пред да се дој­де до го­ре­на­ве­де­ни­от „Си­ти мол“. Кол­ку да се знае де­ка тр­гов­ски­те цен­три у Скоп­је не се ти­ква без ко­рен!Тие има­ат сво­ја исто­ри­ја, мо­ре и пре­ди­сто­ри­ја. Та­ка и ни­ка­ко по­и­на­ку! Да се знае!

(објавено во 10. број на неделникот „Република“, 9.11.2012)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top