Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, поднесе оставка.
МИА од собраниски извори потврдиле дека барањето е веќе доставено до парламентот. Во оставката тој бара да биде разрешен на наредната собраниска седница. Првата наредна седница на Собранието е закажана за в понеделник, 21 октомври.
Борис Кондарко е претседател на ДИК на предлог на опозициската СДСМ. Пред два дена оттаму најавија дека тој најверојтано ќе поднесе оставка од лични причини. Во СДСМ сѐ уште не ја потврдуваат информацијата дека Кондарко поднел оставка, но најавуваат прес-конференција во текот на денот. Борис Кондарко засега не е достапен за коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот


