| четврток, 6 декември 2018 |

Кого ќе го урива Бучковски: Црвенковски или СДСМ?

Во политичките кулоари се проценува дека околу 20 проценти на членството на СДСМ му е сѐ уште наклонето на Бучковски, а со Бузлевски и, евентуално, Дамјановски, таа бројка може да стигне и до 35 проценти....

buckovski-golemaОтка­ко екс­ли­де­рот на СДСМ и по­ра­не­шен пре­ми­ер Вла­до Буч­ков­ски по­твр­ди де­ка ќе фор­ми­ра пар­ти­ја, се оче­ку­ва по­се­ри­оз­но разд­ви­жу­ва­ња во ле­ви­ца­та. Буч­ков­ски, ин­фор­ма­ци­ја за но­ви­от по­ли­тич­ки суб­јект ја со­оп­шти за на­ши­от не­дел­ник ми­на­та­та не­де­ла, со ба­ра­ње да не стои тој ка­ко из­вор на ве­ста ту­ку де­ка ние сме доз­на­ле не­о­фи­ци­јал­но. Пре­ку дру­ги ме­ди­у­ми исти­от ден пр­во де­ман­ти­ра­ше, а по­тоа откри де­ка не пла­ни­ра да би­де пре­тсе­да­тел на пар­ти­ја­та во ко­ја ќе чле­ну­ва­ат лич­но­сти од ин­те­ле­кту­ал­ни­те кру­го­ви што не се сог­ла­су­ва­ат ни­ту со по­ли­ти­ка­та на СДСМ ни­ту со таа на ВМРО-ДПМНЕ.

Со отво­ре­на­та нај­а­ва за но­ва ле­ви­чар­ска пар­ти­ја се отво­ра и пра­ша­ње­то да­ли пар­ти­ја­та на Буч­ков­ски ќе ус­пее да би­де слич­на на грч­ка­та СИРИЗА, ко­ја ла­ни ус­пеа да го за­зе­ме ме­сто­то на ПАСОК или ќе би­де са­мо уште ед­на са­те­лит-пар­ти­ја на мар­ка­та СДСМ?

До­се­гаш­ни­те при­ме­ри на по­ли­тич­ка­та сце­на по­ка­жаа де­ка та­кви­те пар­тии ини­ци­ра­ни од по­е­дин­ци што ја на­пу­шти­ле ма­тич­на­та пар­ти­ја или, пак, би­ле иск­лу­че­ни од неа, не по­ми­ну­ва­ат до­бро кај гла­сач­ко­то те­ло. НСДП на Ти­то Пе­тков­ски, Со­ци­јал­де­мо­крат­ска уни­ја на Ла­зе Еле­нов­ски, ПОДЕМ на Жи­вко Јан­ку­лов­ски се пар­тии што се „изро­ди­ја“ од Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз, но исто ка­ко и кај ВМРО–ДПМНЕ не ус­пе­а­ја са­мо­стој­но да на­пра­ват не­кој по­го­лем ус­пех, освен Пе­тков­ски во 2006 го­ди­на, ко­га има­ше пет пра­те­ни­ци во за­ко­но­дав­ни­от дом.
Цел­та на но­ви­от по­ли­тич­ки суб­јект на Буч­ков­ски е да не ја до­жи­вее суд­би­на­та на овие ми­нор­ни пар­тии ту­ку да го за­зе­ме цен­трал­но­то ме­сто на по­ли­тич­ка­та ма­па и да го од­не­се СДСМ во исто­ри­ја­та. Тој нај­а­ви мно­гу ам­би­ци­о­зен про­ект, под­го­тву­ван по­долг пер­и­од со ли­ца што ко­ти­ра­ат ви­со­ко во оп­штес­тво­то, но не откри­ва де­та­ли за кои лич­но­сти ста­ну­ва збор и кои лу­ѓе ќе пре­ми­нат од СДСМ во не­го­ви­те ре­до­ви.
………….

До­го­во­рот „Ре­пуб­ли­ка“ – Буч­ков­ски

По­ли­ти­чар тре­ба да стои на да­де­ни­от збор кон не­ко­го, без раз­ли­ка на не­го­ва­та про­фе­си­ја, за­што се­кој гра­ѓа­нин е и по­тен­ци­ја­лен гла­сач во оваа др­жа­ва. Но, дел од по­ли­ти­ча­ри­те го за­бо­ра­ва­ат ова, ка­ко на при­мер Буч­ков­ски.  Со не­го се до­го­во­рив­ме тоа што ни го ка­жа не­о­фи­ци­јал­но за фор­ми­ра­ње­то на но­ва­та пар­ти­ја да ни го по­твр­ди во ин­терв­ју. Ме­сто тоа, тој пре­ку ме­ди­у­ми­те ја де­ман­ти­ра­ше ве­ста де­ка ќе фор­ми­ра пар­ти­ја, а еден ден по­тоа се се­ти де­ка мо­жел да ка­же и де­ка не­ма ко­мен­тар ме­сто да не­ги­ра. А зго­ра на тоа, ве­те­но­то ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ тој не го да­де и го пре­кр­ши до­го­во­рот што, во се­кој слу­чај, е лош по­че­ток на Буч­ков­ски во од­но­си­те со ме­ди­у­ми­те.

Целиот текст ќе може да го прочитате во новиот број на неделникот „Република“ кој од денеска e во продажба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поврзани вести

Top