Основачот на Мајкрософт, татко на три деца, вели дека на постарите две ќерки, Џенифер и Рофи, им купил мобилен кога наполниле 13 години, што значи дека 11-годишната Фиби ќе треба да причека уште 2 години.
Имено, милијардерот Гејтс не им попуштал многу на ќерките. Во интервјуата кога ќе го прашаат за приватниот живот, секогаш вели дека тој и неговата сопруга Мелинда сакаат децата да им растат што е можно понормално, со други зборови генералките кај Гејтсови ги прават децата.
Многу родители тврдат дека им ги купуваат мобилните телефони на децата од безбедносни причини, но децата не мислат така. Според некои истражувања во Британија тинејџерите праќаат повеќе од 50 пораки дневно или 1500 месечно.Еден од тројца тинејџери праќа повеќе од 100 пораки дневно или 3000 месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


