| четврток, 6 декември 2018 |

Опозицијата со карван ќе го блокира цело Скопје

Социјалдемократите денеска најавија дека од следната недела здружената опозиција ќе ги засили протестите низ цело Скопје со тоа што ќе организира карван на отпорот

Gordan-GeorgievКараванот по улиците на Скопје ќе почне да се движи од недела, со почеток во 12 часот.

-Денес е последниот ден на кој движењето на отпорот предводено од Сојузот за иднината ќе блокира три раскрсници во оваа форма во Скопје. Сакаме да им се заблагодариме на граѓаните на Скопје што имаа разбирање за овие блокади и да ги охрабриме да ни се придружат на следните активности што ќе ги имаме- изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

Карванот ќе почне во Аеродром, пред спортската сала „Јане Сандански“, ќе трае еден час, а ќе заврши пред зградата на Владата на Република Македонија.

-Сакаме да потенцираме, дека активностите на отпорот предводени од Сојузот за иднината сè повеќе ќе се засилуваат, сè додека власта не сфати дека политичката криза по ‘црниот понеделник’, мора да се реши со политички договор и предвремени парламентарни избори- изјави Георгиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top