Дрвокрадци од Струмичко нападнале шумски полицајци кога се обиделе да им го конфискуваат комбито, полно со крадени дрва.
Вчера околу 16 часот во Струмица, од страна на шумска полиција било забележано комби непозната марка натоварено со огревни дабови дрва откако лицата кои се превезувале во комбето ги забележале, со истото се дале во бегство. На ул. „Климент Охридски“ било затекнато наведеното комби, отворено со оставени клучеви во бравата, по што двајца шумски полицајци при обид да го стартуваат истото биле попречени во намерата од страна на неколку лица, кои почнале да им се закануваат и навредуваат, при што го оштетиле комбито. Се преземаат мерки за наоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Утринава најстудено во Берово и Струмица, температурите под нулата
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките