| четврток, 6 декември 2018 |

Во Јагодина се бара билет повеќе за дуелот меѓу Србија и Македонија

Организаторите на вечерашниот квалификациски дуел меѓу Србија и Македонија во Јагодина одлучија да ја пуштат во употреба и јужната трибина на стадионот со капацитет од 15 илјади места поради големиот интерес на фудбалските симпатизери. Побарувачката за билети ги изненади домаќините, а се очекува полн капацитет.

Јужната трибина, која клубот Јагодина неодамна ја освежи со нови столчиња, требаше да биде надвор од употреба за локалното дерби на соседите Србија и Македонија, но планот се смени. Интересот за натпреварот што почнува од 20.30 часот е голем и билети денеска се продаваат и за тој дел од трибините.

За двете слекции ова е последен квалификациски меч од овој циклус што се играше за пласман на СП во Бразил, а и Србија и Македонија немаат шанси да играат на мундијалот. Победата, сепак, има значење бидејќи се игра и за подобра позиција на табелата, што носи подобри позиции во барабаните за следните квалификациски мечеви. На Македонија ѝ одговара само победа за да го избегне последното место, а Србија посакува реванш за поразот во Скопје од 0-1 лани во октомври и со тоа да ја задржи третата позиција во групата А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top