| четврток, 6 декември 2018 |

Бренсон се сели на својот офшор остров

h_50426424Високите даноци „го истераа“ милијардерот Ричард Бренсон, сопственикот на „Virgin“, кој ја напушти родната Британија. Тој планира да се пресели на својот остров во Карипско Море, островот Некер во близина на Вирџинските Острови кои се офшор-зона. Таму корпоративното оданочување е симболично, за разлика од Велика Британија. Личното богатство на 63-годишниот Бренсон се проценува на 4,5 милијарди долари.

Бренсон се одлучил да го напушти островот бидејќи даночните власти не ја признаваат неговата огромна добротворна работа. Сопственикот на корпорацијата „Virgin“ троши многу пари и за своите „луди“ идеи – да го обиколува светот со балон или со брод. Според последните информации неговиот најнов бизнис проект е да праќа туристи во вселената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top