„Би сакал да потенцира две работи во врска со таа тема. Прво, прв пат ќе кажам дека работната група интензивно работеше и практично се наоѓа на праг на постигнување на договор за двете најкрупни прашања, а тоа се процедурата за носење на Буџет и етички кодекс. За процедура за носење на Буџет веќе има договор помеѓу членовите на работната група, а за етичкиот кодекс 99% од работите се усогласени, останува само правно нормирање на тоа што е усогласено. Тоа значи во моментот кој што Зоран Заев најавува повлекување од работната група е многу проблематичен и нас ни дава до знаење дека всушност на прагот на моментот кога требаше да информираме дека работата група почнува да ги постигнува првите резултати, односно почнува да ги усогласува најкрупните прашање од препораките СДСМ очигледно бега од таков договор. Зошто го прави тоа и дали го прави со намера да остави простор да ги повторат сценаријата од минатата година тоа ќе треба да го кажат од СДСМ. Втората работа која што би сакал да ја потенцирам е дека апсолутно за нас е неприфатливо поврзување на оваа постапка за реформи во собраниските процедури со било каква работа што се случува надвор од Собранието на Р.М. вклучително и оваа легитимна и легална акција на министерството за внатрешни работи за сузбивање на криминал тежок од еден милион евра, како што беше кажано. Во оваа држава мораме да научиме дека законот важи за сите. Без разлика дали некој е член на ВМРО-ДПМНЕ, член на СДСМ или воопшто не е член на ниту една политичка партија. Тоа што едно од дваесетмината осомничени лица е висок финкционер на СДСМ, незначи дека државата нетреба да реагира за сторен криминал. Тоа што едно од вкупно дваесетмината осомничени лица за овој криминал е на функција, исто така не му дозволува на СДСМ да ја уценува државата уште помалку да ги уценува реформите внатре во Собранието за да стопира било каква акција на министерството за внатрешни работи. Затоа ние се надеваме дека во текот на утрешниот ден во СДСМ ќе надвладее разумот и здравата логика и дека таквите идеи кои што вчера Зоран Заев ги презентираше нема да бидат прифатливи за поголемиот дел од членовите на СДСМ, вели Димовски.