| четврток, 6 декември 2018 |

Наближува зимата: половина метар снег и невреме во Австрија и делови од Германија

Додека на територијата на нашата земја и во соседството, луѓето уживаат во пролетни температури, регионот на Алпите е зафатен од голема бура која што во Австрија донела и ниски температури, силен ветар и снежна покривка од половина метар.

Имено, викендичките, хотелите и одморалиштата во австрискиот дел на Алпите прекриени се со бела снежна покривка, а метеоролозите предвидуваат дека снегот ќе паѓа и во следните 24 часа.

sneg-avstrija-sn-03

Снегот предизвикал и сообраќаен хаос во западниот дел од државата, на големо изненадување на неподготвените возачи. Така, неколку возила останале заглавени на патиштата, улиците морале да бидат затворени, а бројни домови останале без електрична енергија.

Дополнителен проблем биле и срушените дрвја кои што ги блокирале дел од сообраќајниците и пругите, а службите за одржување на патиштата ги советувале луѓето да останат во своите домови и да не тргнуваат на пат доколку тоа е неопходно, а и жителите на Инсбрук биле повикани да го користат јавниот превоз за да не се создаваат дополнителни гужви.

На автопатот во Салцбург исто така владее сообраќаен хаос, па голем број на камиони и автомобили останале заглавени во текот на ноќта, а полицијата ги блокирала улиците кон југот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top