Градоначалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец -Алексиќ, заедно со членови на Советот и општинската администрација го посети семејството Петрушевски, чиј дом утрово беше зафатен од пожар.
Според првичните информации на општината, причинета е само материјална штета.
Општинската прес-служба соопшти дека Беличанец – Алексиќ ветила еднократна финансиска помош за семејството, а еднократен надомест ќе даде и општинскиот Совет. Висината на финансиската помош, ќе се дефинира по направениот увид од надлежните органи.
За расчистување и санирање на штетите на располагање на семејството ќе бидат сезонските работници и механизацијата од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


