Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски упати честитка по повод Денот на народното востание 11 Октомври до сите граѓани на Република Македонија.
– На сите граѓани на Република Македонија од мое лично име и од името на пратениците во Собранието им го честитам овој голем празник. На овој датум македонскиот народ реши да се избори за сопствената слобода и свесен за храбриот подвиг, пожртвувано и решително тргна во борба за да се ослободи од окупацијата и окупаторите. Во тие денови Македонија и македонскиот народ со другите држави од Европа и светот се вклучија во борба со идејата повторно да победи слободата, човековото достоинство и сувереноста на државите, стои во честитката.
Затоа денес, се вели во честитката, Република Македонија може гордо и слободно да каже дека беше на страната на слободата и дека вредностите како што се рамноправност и почит ги дели заедно со земјите од Европа и светот кои се бореа за истата цел.
– Во востанието загинаа многу херои, но не загина нивното дело, тоа дело денес е реалност и затоа ние и нашите деца живееме во слободна и суверена Република Македонија. Да ја имаме на ум оваа жртва, од овие херои и таа да ни дава мотив за да продолжиме да работиме за просперитетна држава, која ќе биде дом и на следните поколенија без разлика на вера, јазик и култура, се вели во честитката на Вељаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски
-
Македонија го празнува Денот на антифашистичкото востание
-
Вељановски: Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите


