Во останатиот период до натпреварот РК Вардар – ПСЖ Ракомет, во тек е замената на сезонските билети со сезонски картички, како и замената за онлајн билетите.
Замената за сезонски картички се спроведува во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат) и тоа со приложување на веќе купениот сезонски билет, денеска (четврток) до 21:00 часот и во сабота од 09:00 до 17:00 часот. Сите оние кои нема да ги заменат сезонските билети во Југотон, ќе мораат тоа да го сторат тоа во недела на билетарата на СЦ „Борис Трајковски” од 12:00 часот.
Оние пак кои своите влезници за натпреварот РК Вардар – ПСЖ Ракомет ги купиле онлајн, ги известуваме дека од денеска, стартувајќи од 15:00 часот, онлајн ваучерите ќе можат да ги заменат за физички влезници, на билетарата на СЦ „Борис Трајковски” во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



