| четврток, 6 декември 2018 |

Тевез му препорачува на Видиќ да се пресели во Торино

Карлос Тевез се пресели во редовите на Јувентус, а сега истото му го препорачува и на капитенот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ

Tevez

Иако сега се во различни конкуренции, во минатото аргентинскиот фудбалски интернационалец и Србинот, беа соиграчи на „Олд Трафорд“.

Одбранбениот фудбалер на англискиот првак има договор со клубот до идното лето, а се уште не ја продолжил соработката со тимот на Дејвид Мојес, иако шкотскиот фудбалски стручњак јасно им порача на челниците на составот, да му понудат нов договор на Видиќ.

Од друга страна, Тевез сигурно со ова го навлече бесот на навивачите на Јунајтед, затоа што го убедува Србинот да игра во редовите на италијанскиот шампион. Аргентинецот добро знае колку вреди Видиќ, бидејќи настапувал и со и против него.

 

„Видиќ би требало да дојде во Јувентус. Би му одговарала италијанската лига. Тој е многу моќен дефанзивец. Играв со него во Јунајтед, а против него кога заминав во Сити“, вели аргентинскиот голгетер.

Наводно, клубот од „Театарот на соништата“ на Видиќ му нуди двегодишен, финансиски подобар договор, меѓутоа нема сомнежи дека Старата дама ќе биде голем конкурент за неговиот потпис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top