| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија „нападната“ од азиланти

Symbolique 2007Австија заради граѓанската војна во Сирија годинава се соочува со најголем бран на бегалци од почетокот на борбите на Косово 98/99 година, покажуваат податоците од австриското МВР. Само од јули од Италија во Тирол пристигнале 1336 бегалци, најмногу од Сирија, Еритреја и Сомалија. И тие како и повеќето не бараат азил во Италија или Австрија, туку азил посакуваат во Германија и во Шведска. Тоа им се најомилени држави бидејќи имаат роднини и познаници кои пренесуваат позитивни искуства за азилантската политика, пренесуваат од австриската полиција. Но, австриските власти на основа на договорот за реадмисија ги вратила во Италија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top