| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто нема повеќе секс на првата брачна ноќ

Денот на венчањето би требал да биде најсреќниот ден за еден пар, но обично не завршува како што треба.

Повеќето младенци немаат сексуален однос на првата брачна ноќ, а најчести причини за тоа се или младоженецот испил малку повеќе или невестата заспала, ова го покажува последното истражување.

Кавгите се уште една причина за да не дојде до секс таа ноќ.

Повеќе од пола или 52 проценти од испитаниците признале дека немале секс на првата брачна ноќ, а 17 проценти чекале три дена по церемонијата.

Еве ги главните причини:

-Младоженецот бил премногу пијан (24%)

-Невестата била уморна и заспала (16%)

-Невестата била пијана (13%)

-Морале да чуваат деца (11%)

-Се скарале за време на свадбата (9%)

-Славеле цела ноќ со гостите (7%)

-Ни на младоженецот ни на невестата не им било до секс (4%)

-Младоженецот бил уморен и заспал (4%)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top