
Роџелио Андаверде од Тексас уживал во мирна семејна вечера со сопругата кога низ вратата влетале двајца маскирани и до заби вооружени мажи, кои го кидналирале.
Преплашената сопруга случајот го пријавила кај локалниот шериф, кој повел опсежна потера во која бил вклучен и хеликоптер. По неуспешната потрага, која траела цела ноќ, шерофот Гуадалупе Тревино ги повлекол луѓето. Марија во страв ги очекувала киднаперите да се јават со некакви барања, но на големо изненадување, тој се појавил два дена подоцна со образложение дека киднаперите се смилувале и го пуштиле.
Сепак, приказната не била уверлива за истражителите, па дополнително ја провериле. По долго испрашување, тој признал дека целиот случај го измислил за да помине извесно време со пријателите и малку да се забавува.
– Сега убаво нека се забавува во затвор – порача шерифот Тревино по затворањето на случајот и додаде дека иако на некого може да му звучи смешно, станува збор за многу сериозна ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ
-
Го киднапирале од улица „Јуриј Гагарин“ и го чувале во стан поради наводен долг
-
Киднапирање во тетовско: Му го грабнале зетот, па му барале откуп за да го ослободат
-
Киднапирање во село Љубош: Со вреќа на главата го фрлиле во комбе, па се разбудил во Батинци


