СДСМ ги присили Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат енормните казни во Законот за прекршоци, кои достигнуваат и до десетици илјади евра, изјави денеска пратеничката Ана Павловска- Данева.
Таа посочи дека СДСМ постојано барал сегашните казни да се преполоват, а ВМРО-ДПМНЕ понудила законско решение со двојното и тројно зголемување на казните за граѓаните.
– Замислете, за обичен прекршок, делата да не застаруваат до 10 години! Ние, пратениците на СДСМ, од првиот момент го одбивме овој неразумен потег на власта и кажавме дека ваквото решение нема да биде изгласано. Како резултат на нашиот притисок, Владата денеска го повлече Законот за прекршоци. СДСМ ги заштити интересите на граѓаните – вели Павловска-Данева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


