
Тајзи ги престигна сите и прв направи песна која промовира семејни вредности и многудетно семејство. Барем така ни звучи нам.
Пејачот пред 10 дена го промовираше својот прв соло-албум насловен како „Нешто поинакво“. За своето првенче вели дека се состои од внимателно одбрани песни на кои работел претходните две години.
Покрај веќе чуените песни од Тајзи, на „Нешто поинакво“ се наоѓаат и 10 нови, меѓу кои е и носечката „Пишано е“ со музика и аранжман на Иван и Јован Јованов, текст на Тајзи. За неа вчеравечер излезе и видеоспот, кој е режиран и реализиран од Даниел Јовески.
– Пресреќен сум што за една недела оваа песна на „Јутјуб“ е преслушана повеќе од 43.000 пати, а радиостаниците ја вбројуваат меѓу своите хитови. Благодарен сум на „Иноватива“ за поддршката и на сите оние кои ми се најдоа во реализација на овој спот. Сега слушателите можат да ја видат оваа моја приказна „Пишано е“. Се надевам ќе ви се допадне – вели Тајзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


