Ме препознаваат, јас низ Скопје имам километража колку градски автобус – низ смеа вели режисерот Борис Дамовски, кој јавноста најмногу го препознава како автор на анимираниот сатиричен филм „Еднооки“. Разговаравме во неговата канцеларија, интересна просторија во која има некоја посебна енергија. Старите камери и фотоапарати имаат своја приказна. Љубител на фотографијата, љубител на видеосликата. Се потсети на своите новинарски денови, кога како 18-годишно момче работел за „Екран“…
Дамовски отворено зборуваше за ноќта кога беше приведен во рамките на полициската акција „Шпион“. Припадници на специјалната единица „Тигри“ влегле кај него дома, но, како што вели, имале коректен однос со огледна тоа дека има малолетно дете. Смета дека контактите со луѓето за кои се поведе обвинение се причината што и тој се најде на списокот на лица што беа уапсени таа ноќ… Со него разговаравме за антиквизацијата, името, лустрацијата, „Еднооки“, сатиричен филм во кој многумина имале желба да се појават и правеле сѐ само нивната карикатура да биде дел од следното издание на производот на „Контрабанда“…За тоа Дамовски коментира:
-Имав ургенција од мој пријател за одредена личност да се појави во „Еднооки“.
Еднаш рековте дека ниту сегашниот премиер ниту кој било друг политичар не влијаел на поголема застапеностна антички идеи во Вашето семејство, туку дека тоа била Вашата баба?
Дамовски: Да, мојата баба Ангелина ни ги раскажуваше легендите за царотАлександар додека во училиште нѐ пумпаа колку умен бил Рекс, волчјакот на Тито. И кому човек да верува? На наставникот, кој среќно се развезува во „стокец“ купен на гага-кредит или на внуката на Петар Дамов Христов – Германчето?
Како ги коментирате сите тие што ја критикуваат таканаречената антиквизација, појава во која покрај комитската и партизанската историја се промовираат и други вредности,карактеристични за античкиот период?
Дамовски: Смешна, неинвентивна, очигледно „надрилана“ да одработи туѓа идеологија. Сето тоа кутро препелкање во себе содомизирање е тажен обид да нѐ спакуваат во глобализаторската сеедност кон националноста, посебноста. Зад тоа се крие потребата да нѐ вкалапат со вредности што не му се блиски ниту својствени на Македонецот. Така фино спакувани „индивидуи“ им се потребни како дар на олтарот на новиот светски поредок, но тоа е веќе друга приказна.
Како реагирате на муабетите дека е можно менување на македонскиот идентитет. Има ли, воопшто, опасност да се смени личниот и националниот идентитет на една цела група, која го создавала со децении и со векови, но и на личниот идентитет на низа генерации што се раѓале и умирале како Македонци?
Дамовски: Тоа е тезата, која заговорниците и поддржувачите на нужноста за промена на името на земјата сесрдно ја туркаат. Надвор ќе нѐ нарекуваат Клингонци, а самите длабоко во себе знаеме кои сме.
Апсурдноста, навредата содржана во таа теза е неприфатлива за кој било здраворазумен поединец. Жонглирањето со фрази, спинувањето со фактите достигна и академска потврда со разноразните Пи-Ар школи, кои ни се нагрнаа на плеќи. Нам ни останува само да одолееме.
Целиот разговор е објавен во 58. број на неделникот Република, кој од денеска (10.10.2013) е во продажба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


