
„Форд фокус“ со појачан мотор 1.0л EcoBoost помина повеќе од 1.600 километри (1000 милји) со само еден резервоар гориво, достигнување кое ековозачите Кнут Вилтхил и Хенрик Борчгревинк го утврдуваат како нов репер.
Дуото од Норвешка извози 1.619 километри (1006 милји) низ Норвешка, Финска и Шведска со стандарден 125 PS Focus 1.0л EcoBoost мотор – и напоменуваат дека просечната потрошувачка на гориво од 3.3л/100км (85mpg), исто така, поставува нов репер во автомобилизмот.
Вилтхил и Борчгревинк велат дека не постојат други официјални рекорди за кое било од двете достигнувања, но се сигурни дека постигнале да постават нов репер во автомобилската индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


