| четврток, 6 декември 2018 |

Големиот рели шампион Леб се „стумба“ на разделбата (видео)

Себастијан Леб е легенда во рели трките и најдобриот возач во историјата, но имаше неславен крај на разделбата во француското место Елзас, каде се натпреваруваше практично на свој терен. Леб во еден момент ги прецени можностите и заврши во грмушките крај патот, а неговиот Ситроен неколкупати се преврте.

Леб е легендарен возач, а такво беше и последното „тумбање“, во релито на кое Себастијан се прости од тркањето.

„Секако дека очекував подобар крај на кариерата. Сакав тоа да биде на впечатлив начин на мој терен, пред публика која секогаш ме подржуваше. Малку ми е жал за нив, дојдоа да ме видат, а јас не стасав до целта. Инаку се в ред со мене и мојот совозач. Веќе правиме планови за во иднина. Имаме неколку идеи за реализација“, изјави Леб, по трката во Елзас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top