| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателскиот куп за Мекејлеб и Фенербахче

Лестер Бо Мекејлеб постигна 4 поени и имаше по две асистенции и украдени топки во победата на Фенербахче против градскиот ривал Галатасарај со 64-62 и го освои „Престедателскиот куп“ на Турција. Во натпреварот на актуелниот шампион и на освојувачот на националниот куп, Фенер го совлада првакот на Турција и се закити со првиот пехар во новата сезона. Репрезентативецот Емир Прелџиќ беше најефикасен кај победникот со 14 поени, Зориќ забележа 12, а Клеиза 11 поени.

Кај Галатасарај Џамонт Гордон беше прв стрелец со 16 поени. За Фенербахче ова е петтиот трофеј од Суперкупот во Турција, или популарно наречен „Президент куп“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top