| четврток, 6 декември 2018 |

Гана сака да игра против Египет на неутрален терен

Ваквото барење федерацијата на Гана го базира на лошата безбедносна состојба во Каиро

gana-500

 

Во писмото упатено од ФИФА, Фудбалската федерација на Гана наведува дека натпреварот треба да се игра на „безбедно место“.

– Нашето барање е засновано на фактот за алармантно лошата безбедноста ситуација во Египет. Дел од нашите играчи се сериозно загрижени за својата безбедност за време на натпреварот – стои во писмото упатено до ФИФА, а објавено и на официјалната веб-страна на Фудбалската федерација на Гана.

Од ФИФА потврдија дека го добиле писмото и дека внимателно ќе го следат развојот на настаните во Египет.

Засега останува реваншниот натпревар меѓу Египет и Гана да се игра на 19 ноември во Каиро, дуел по кој ќе биде познат и патникот на Светското првенство во Бразил 2014. Првиот натпревар овие две селекции ќе го играат на 15 октомври во Кумаши.  

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top