Директорот на државниот инспекторат за локална самоуправа Ванчо Шехтански ќе ја поништи одлуката на Советот на општината Тетово Рамуш Харадинај да биде прогласен за почесен граѓанин ако не е донесена според Баденеровиот принцип.
Советот на општина Тетово на денешната седница донесе одлука косовскиот политичар Рамуш Харадинај да биде прогласен за почесен граѓанин на Тетово. Ваквата точка на дневниот ред го подели советот по етничка линија. Советниците Македонци не присуствува на седницата, додека советниците на ДУИ, ДПА и НДП без никаква расправа ја донесоа одлуката.
Одлуката за прогласување на Харадинај за почесен граѓанин на Тетово, на кого меѓу другото во два наврата во Хаг му се судеше за воени злосторства, но беше ослободен од обвинението, е предложена од кабинетот на градоначалникот на општина Тетово. Образложението е дека Харадинај бил мирољубив човек, политичка фигура која рефлектира достоинство и синоним за храброст и заштитник на хуманите вредности. Советниците Македонци сметаат дека општинските власти треба да донесуваат одлуки кои се од суштински интерес за градот, а не одлуки кои се во функција на политички маркетинг во пресрет на локалните избори.
Свечената церемонија за прогласување на Рамуш Харадинај за почесен граѓанин на Тетово е закажана за 4 февруари.
Директорот на државниот инспекторат за локална самоуправа Ванчо Шехтански ќе ја поништи одлуката на Советот на општината Тетово Рамуш Харадинај да биде прогласен за почесен граѓанин ако не е донесена според Баденеровиот принцип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна договор во Брисел: Нема размена на територии меѓу Косово и Србија
-
Швајцарски „Ноје Цирихер Цајтунг“: Како поранешниот косовски воен лидер Харадинај стекна толку големо богатство?
-
Харадинај: Ако Собранието го укине Специјалниот суд, Владата ќе го почитува тоа
-
Дачиќ: Ќе му се извиниме на Харадинај ако не добива редовно ручек во затвор


