
Царинските службеници од царинската испостава Железничка станица Табановце, утринава ги откриле илегалците во меѓународен товарен воз од Грција, пријавен за излез од Република Македонија. Лицата се предадени на МВР и истите се сместени во прифатен центар за странци.
-Поради сомневање дека во возот со 27 товарни вагони, чија крајна дестинација била Австрија има илегалци, царинскиот службеник извршил контрола на вагоните, при што во еден од контејнерите натоварен со маслинки открил 13 илегалци, сите државјани на Мали, кои биле сокриени меѓу бурињата со маслинки, соопштуваат од Царината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


