| четврток, 6 декември 2018 |

Амфитеатар во Паљурци

palurci

Претставници на Бирото за регионален развој на Република Македонија, заради контрола на проектните апликации што се пред одобрување за финансирање, ја посетија локацијата каде што треба да се реализира проектот Амфитеатар Паљурции. Носител на проектот, чија што вкупна вредност изнесува 50.000 евра, е Центарот за развој на југоисточниот регион во партнерство со општините Богданци и Гевгелија. Поголемиот дел од средствата за реализација на проектот, односно 60 отсто, ќе се финансираат од буџетот на општина Богданци, а останатите средства ќе ги обезбеди Бирото за регионален развој, односно Националниот буџет на РМ. Имајќи ја предвид историјата на локацијата, целта на овој проект е да го развие местото Паљурци во туристичка атракција и привлечна дестинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top