| четврток, 6 декември 2018 |

Волчицата е во страшен ритам, Рома го прегази Интер со 3-0 (видео)

Волчицата од Рим и вечерва покажа заби и го продолѓи импресивниот од во Серија А, со бласкав триумф од 3-0 против Интер во Милано. Тоти и соиграчите нанижаа 7 победи по ред, што е најдобар старт во италијанското Калчо за тимот од главниот град. Франческо Тоти со два гола, од кои едниот од пенал и Флоренци ја завршија работата уште во првото полувреме. Интер не успеа да се спротивстави, иако во последните десетина минути играше со фудбалер повеќе по исклучувањето на Балзарети.

Рома има 21 бод со страшна гол-разлика од 20-1 и е лидер во Серија А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top