
Тешката финансиска состојба натерала двајца белграѓани на очајна мерка- решиле да ги продадат бубрезите, но сепак, полицијата успеала да ги спречи во намерата. Сега, им се заканува затворска казна од 2 до 10 години.
Белграѓаните имале големи долгови кои не можеле да ги вратат, а немале ниту за основните животни потреби. Затоа се решиле на очајнички потег во обид да се извлечат од незавидната ситуација. Едниот на возраст од 39 години, другиот година помлад, дале оглас на интернет дека продаваат бубрег. Првиот барал надоместо од 150 илјади евра, и со еден веќе договорил трансплантација во странство со помош на лекар. Во еден момент помислил дека ќе биде измамен па се откажал. Вториот барал надоместо од 60 илјади евра, но немал ниту еден купец, па стапил во контакт со неколку медицински установи во кои пробал да го продаде органот. Биле откриени од полициската управа за разбивање илегална миграција.
На сослушувањето рекле дека знаеле дека прават кривично дело, но немале избор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија


