| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска поддршка за Кире Лазаров на трибините во Шпанија (ФОТО)

Капитенот на македонската ракометна репрезентација сега ги брани боите на Барселона. На последниот натпревар против Гвадалахара, Кире добил поддршка од трибините од македонски навивачи што живеат во Шпанија. Покрај тоа што тие во првите редови го вееја македонското знаме, на голем транспарент напишаа „Кире мајстор – фрли ми го дресот“.

Соиграчите на Лазаров веднаш му посочиле дека во првите редови ги има верните навивачи од Македонија, па иако тој, сепак, не им го фрлил дресот, тие си заминале задоволни од добрата игра.

Барселона, која во моментов е најдобриот европски тим и е прва во шпанската лига,  ја победи Гвадалахара со 35:28.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top