Триесет и деветгодишен ерген од кумановско на пријател му платил 230 евра за да му донесе жена од Албанија, меѓутоа се предомислил и си ги побарал парите назад. Пријателот не му ги враќал парите за што добил кривична пријава.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(30) од селоНорово-крушевско за кривично дело измама.
На 8 декември лани, откако пријавениот претходно го довел во заблуда Г.М.(39) од село Карабичане ветувајќи дека ќе му најде девојка од Албанија за женидба, за услугата побарал и зел 230 евра, по што по неколку дена Г.М. се предомислил и побарал пријавениот да му ги врати парите, но досега не го сторил тоа Г.М. случајот го пријавил во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


