Според последните резултати од анкетата која ја направи фирмата „Грант Виски“ од Велика Британија, сѐ поголем број возрасни луѓе забораваат датуми, а дури и години кои ги одбележале битни историски настани.
Од две илјади испитаници, помалку од половината знаеле кога загинала принцезата Дајана иако тоа се случи толку одамна.
Помалку од третина од анкетираните ја знаеле годината на падот од Берлинскиот ѕид, а само поливна знаеле кога првпат човекот одел по Месечината. Дури 40 проценти не знаеле кога бил терористичкиот напад на кулите-близначки.
Причината за ова се припишува на „Гугл“ бидејќи овозможи пристап до сите можни податоци без многу труд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


