| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо на годината

Американските медиуми го објавија писмото кое еден татко ѝ го напиша на својата ќерка, откако таа одлучи нејзиниот син да го избрка од дома, само затоа што ѝ признал дека е хомосексуалец.

„Драга Кристин,

Разочаран сум од тебе како ќерка. Во право си дека имаме „срам во семејството“, но грешиш во врска со тоа кој е тоа.

Тоа што го избрка Чад од дома само затоа што ти кажа дека е геј, е вистинската „абнормалност“ тука. Родител кој се одрекува од своето дете е она што е „неприродно“.

Единственото интелегентно нешто што те слушнав да го кажеш околу сѐ ова е дека „ти не го одгледа твојот син да биде геј“. Се разбира дека не. Тој е роден вака и него избра тоа, исто како што не избра да биле левучар. Ти, од друга страна, одбра да бидеш преполна со предрасуди, ограничена и конзервативна. Па така, штом веќе се одрекуваме од нашите деца, мислам дека ќе го искористам овој момент да се збогувам со тебе. Сега имам фантастичен (како што гејовите би рекле) внук за растење и немам време за бесчуствителна к*чка за ќерка.

Ако си го пронајдеш срцето, јави ни се.“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top