| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометна грозница во Скопје, Вардар за само два часа продаде илјада влезници за мечот со ПСЖ

Пари Сен Жермен е магнет за публиката во Скопје и Македонија, а второто гостување на францускиот ракометен дрим-тим кај нас повторно предизвикува вистинска треска за билети. За само два часа претпладнево се продадени илјада влезници за натпреварот меѓу Вардар и ПСЖ, а иако до 13 октомври, кога се игра мечот од третото коло во ЛШ, има време, како се одвиваат настаните, наскоро веројатно целиот контингент ќе биде распродаден. Капацитетот на „Борис Трајковски“ е околу 7 илјади места, но треба да се има предвид дека однапред се продадени околу 3 илјади претплатни билети за целата сезона на РК Вардар.

Дуелот со ПСЖ, „црвено-црните“ ќе го играат идната недела од 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top