Вечерва со настапот на Токсикологија во 20 часот почнува фестивалот „Слободна зона на журка“ во Аеродром. Веднаш по нив, Тајзи ќе го промовира својот прв соло-албум. Некаде околу 21.30 часот на сцената ќе се качи гостинот и од Србија, Газда Паја, а со Слаткаристика ќе биде затворена првата вечер.
Утре, вечерта ќе ја отворат Ѓеорги Шарески со диџеј Маци, а по нив ќе настапи Марко Логаут. „Морал“ настапува околу 22 часот, а крајот на овој фестивал ќе го крунисаат „Ареа“ со целосен концертен настап.
Вратите се отворени од 18 часот, а локацијата на слободната зона е фудбалскиот стадион до МЗТ салата, во општина Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


