| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е работата која сите ја посакуваат

Неодамна, медиумите преплавија со работа од соништата или најдобри работни места во светот, и по една добра работа за авантура и совршена работа за мрзливи, сега доаѓа добра работа за оние кои сакаат да уживаат во луксуз. Тука спаѓаат сите луѓе.

Всушност, еден среќен човек ќе се посвети на испробувањето на некои од најдобрите производи и услуги на пазарот, благодарение на компанијата  „VeryFirstTo“.

Тие во моментов имаат распишано тендер, на кој може да се пријавите уште денес, за стажирање три месеци, во кој успешните кандидати ќе вечераат во ексклузивни ресторани, ќе се облекуваат во најновите модели и ќе тестираат луксузни автомобили.

– Додека ова изгледа како најпријатната работа во светот, исто така многу важна е и позицијата. Нашите клиенти се потпираат на нас да се откријат најновите луксузни производи и искуства и се посветени на наоѓање на многу остроумен поединец кој ќе биде прв да ги проба. Ние прифаќаме апликации, но ги земаме предвид само оние кои знаат како да го препознаат звукот на моторот на „лексус“ и звук на моторот на „бентли“ или разликата меѓу кашмир и волнено палто – рече основачот на „VeryFirstTo“, Марсел Кнобил.

За жал,може да се пријават само Британци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top