| четврток, 6 декември 2018 |

Горат две куќи во Штип, еден пожарникар бил повреден

pozar

Две куќи горат во центарот на Штип, извести полицијата, а еден пожарникар е повреден и е пренесен во болница. Пожарот, според првичните информации, пламнал околу 13 часот.

Пожарникарот, според полицијата, се повредил откако паднал од покривот на една од куќите каде што интервенирал.

Екипа на Итна помош го пренела повредениот пожарникар во штипската клиничка болница. Борбата на пожарникарите со пожарот уште трае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top