| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска за „Шпион“: Никој не мо­же да ги пред­ви­ди пос­ле­ди­ци­те во слу­чај гру­па­та да не бе­ше раз­о­ткри­е­на

Gordana-Jankulovska-3
– Ма­ке­до­ни­ја и кра­тко­роч­но и дол­го­роч­но ќе бе­ше ста­ве­на во де­фан­зив­на по­зи­ци­ја до­кол­ку ин­сти­ту­ци­и­те не си ја за­вр­шеа ра­бо­та­та и до­кол­ку оста­веа оваа шпи­он­ска мре­жа да про­дол­жи да ра­бо­ти. Впро­чем, не за­луд­но на­ши­от Кри­ви­чен за­кон пред­ви­дел кри­вич­но де­ло шпи­о­на­жа, со ви­со­ки за­твор­ски каз­ни. Не ве­ру­вам де­ка не­кој мо­же да пред­ви­ди во мо­мен­тов кол­ка­ви би би­ле пос­ле­ди­ци­те по Ма­ке­до­ни­ја во слу­чај гру­па­та да не бе­ше раз­о­ткри­е­на и кој и во ка­кви це­ли би мо­жел да ги зло­у­по­тре­би ин­фор­ма­ци­и­те до­би­е­ни од чле­но­ви­те на оваа гру­па, посочува министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во интервју за неделникот „Република“.
Македонскиот За­кон за по­ста­пу­ва­ње со кла­си­фи­ку­ва­ни ин­фор­ма­ции е це­лосно усог­ла­сен со европската за­кон­ска ре­гу­ла­ти­ва, односно и со регулативите на државите-членки на НАТО. Тој точ­но пред­ви­ду­ва кои ли­ца и на кој на­чин мо­же да по­ста­пу­ва­ат со ва­кви ин­фор­ма­ции. Иако ваков случај е прв во Македонија, не е непознат во светот, па затоа и постои толку прецизна и широкоприфатена законска рамка. Всушност, искуствата покажуваат дека се­ко­гаш постојат по­е­дин­ци и гру­пи кои за профит наштетуваат на др­жа­ва­та. Најсвежите примери доаѓаат од САД, од ка­де што про­те­коа кла­си­фи­ку­ва­ни ин­фор­ма­ции.
Но, не недостасуваат примери и од македонската историја кога државни тајни излегуваа на површина. Но, примери за акции нема, првенствено поради, како што посоочуваат познавачите, тешкиот процес на докажување на таков случај.
– Се­ко­гаш е иск­лу­чи­тел­но те­шко ко­га од спро­тив­на стра­на има­те лу­ѓе од без­бед­нос­ни­те стру­кту­ри, кои, исто та­ка, ги зна­ат про­це­ду­ри­те на ра­бо­те­ње на служ­би­те. Не­кои слу­чаи беа до­ку­мен­ти­ра­ни по­ра­но, но за­ра­ди по­тре­би­те од це­лос­но за­о­кру­жу­ва­ње на си­те дејс­тва, ре­шив­ме да не откри­ва­ме по­е­ди­но­сти за јав­но­ста – вели Јанкуловска.
Сепак, што се однесува до полиција- обвинителство – суд во овој случај, целата полициска операција која траела две години била во координација со Обвинителството, за потоа јав­ни­от об­ви­ни­тел да ја при­фа­ти при­ја­ва­та и до­ста­ве­ни­те ма­те­ри­јал­ни до­ка­зи, да под­не­се ба­ра­ње до су­дот за поч­ну­ва­ње истра­га. Ос­нов­ни­от суд Скоп­је 1 го при­фа­ти ба­ра­ње­то, а по сослушувањето на осомничените изре­че мер­ка при­твор. Сега во преден план, но далеку од очите на јавноста, ќе бидат материјалните докази и оценката на судот.
– Си­ла­та на си­сте­мот и на др­жа­ва­та се гле­да во ва­ши­от ка­па­ци­тет да се бо­ри­те со ва­кви­те ри­зи­ци, а ние по­ка­жав­ме де­ка сме под­го­тве­ни за тоа – додава Јанкуловска за „Република“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top