| четврток, 6 декември 2018 |

Германија: „Берлинскиот ѕид“ постои меѓу гласачите

angela-merkel-popularnost-1379803361-369803Изборите во Германија покажуваат дека населението на поранешната ДДР и натаму масовно гласа за партиите од левицата, две и пол децении по падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија.

На територијата не некогашен Западен Берлин најмногу гласови добила демохристијанката Ангела Меркел, а на источниот дел поранешните источно германски комунисти здружени во партијата Левица. Социјалдемократите имаа само една помала изборна единица, а толку имаат и „зелените“.

Причините за тоа се што нема големи промени во структурата на населението во Берлин, кои останале со своите политички убедувања. На источниот дел од градот има голема концентрација на гласачи од некогашната Социјалистичка партија односно Комунистичката партија и вработените во реформираниот државен апарат на Валтер Улбрихт и Ерих Хонекер. Овие граѓани гласовите ги дале на нивните наследнички партии односно на левицата.

Зад Левицата во источниот Берлин се демохристијаните, па социјалдемократите. Во поранешната Источна Германија, најмногу гласови има добиено Ангела Меркел, како поранешен жител на ДДР. Социјалдемократите победиле во индустриските градови:  Диселдорф, Дортмунд, Есен, Хамбург…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top