Генералниот секретар на Синдикатот на српската полиције, Лазар Ранитовиќ напишал отворено писмо до српскиот претседател Николиќ, премиерот Дачиќ и вицепремиерот Вучиќ
Во писмото се бара да се разберат голите и боси , слабо платени и во долгови српски полицајци кои што треба да го обезбедуваат настанот кој што минатите години предизвика големи немири во главниот град на Србија.
Српските полицајци му забележуваат на премиерот Дачиќ што прво рекол дека геј парадата е во интерес на државата а веднаш потоа изјавил дека хомосексуалците не се нормални со што ги охрабрил сите насилници да одат и да се пресметаат со „ненормалните“.
Полицајците му забележуваат на премиерот и министер за внатрешни работи дека тој е раководител на неколкуте илјади полицајци чии животи ќе бидат загрозени и дека наместо да ги разгорува треба да ги смирува страстите.
„Во што ги туркате своите колеги додека вие победоносно побегнавете?“ , цинично го прашуваат премиерот српските полицајци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



