Четворица машиновозачи се повредени при судир на три товарни воза. Несреќата се случила денеска во близина на градот Амарило, во сојузната американска држава Тексас кога од шините излетале до 30 вагони. Двајца од повредените се во критична состојба.
Возот кој патувал кон исток, директно удрил во друг воз кој стоел на пругата. За кратко време од спротива налетал и третиот воз и удрил во веќе скршените композиции на првите два. Портпаролот на железничката компанија BSNF од Форт Ворт изјавил дека во вагоните немало опасен материјал кој би можел да ја загади околината. Композициите наводно превезувале камиони.
Железничкиот сообраќај е пренасочен на други колосеци, а остатоците од вагоните ќе ги отстрануваат специјални машини.
KFDA – NewsChannel 10 / Amarillo News, Weather, Sports
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


