Во светот на тенисот многу често се зборува за гласните звуци кои ги испуштаат тенисерите, а најмногу критикувани на оваа тема се Викторија Азаренка и Марија Шарапова.
Белорусинката Азаренка и претходно зборуваше како и мажите се исто така гласни, а на турнирот во Токио повторно се наврати на оваа тема.
-Мислам дека тенисерките не се рамноправно третирани во овој случај. И тенисерите се гласни, но секогаш вниманието е свртено кон тенисерките – рече Азаренка.
-Земете го за пример финалето на УС Опен помеѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, скоро за секој поен врискаа и едниот и другиот. Зошто тоа не е проблем и не му пречи никому, а кога тенисерките го прават тоа, на сите им смета- додаде Азаренка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


