По победата во градското дерби над Манчестер Јунајтед, играчите на Сити излегоа да ја прослават заслужената победа.
Балканското трио Матија Настасиќ, Стеван Јоветиќ и Александар Коларов заедно ја славеа победата во еден ресторан во Манчестер.
Тројцата фудбалери кои се преселија од Италија во англискиот тим, славеа во италијанскиот ресторан Сан Карло, очигледно им одговара таа кујна.
Натпреварот заврши со победа за домашниот тим со 4-1, а стрелци на головите беа Кун Агуеро кој постигна два гола, Јаја Туре и Самир Насри, додека Руни стрелаше за гостите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




