| четврток, 6 декември 2018 |

Агенцијата за храна ја демантира ДОМ: „Во македонија нема ГМО храна“

GMO1Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира наводите на ДОМ, дека со Правилникот за ГМО од 1 октомври широко ќе се  отвори вратата за влез на генетски модифицирани организми преку увоз на ГМО добиточна храна.
Досега, до Агенцијата за храна и ветеринарство не е доставено ниту едно барање, ниту е издадено одобрение за ставање во промет на ГМО храна, ниту за луѓе, ниту за животни, односно, во Република Македонија нема ГМО храна, стои во реакцијата од Агенцијата.
Овој подзаконски акт, за кој ДОМ предлага да се стави во мирување за да се преиспитаат сите елементи што тој ги содржи, се подвлекува, е комплетно усогласен со европската легислатива која ја регулира оваа област. Со него се дефинираат условите и постапката за издавање на одобрение увоз и за ставање во промет на добиточна храна која содржи ГМО, за што истото задолжително мора да се базира на научни докази дека истата нема да има штетни последици ниту за животните, ниту за човекот, ниту за човековата околина.
– Со донесувањето на овој акт, се изврши детално уредување на оваа материја, со цел елиминирање на опасноста од формирање на таканаречена сива зона и појава на евентуални манипулации со ставањето во промет на ГМО храната за животни, се појаснува Агенцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top